(ФОТО) Слободата нема цена: Шакира ја платила 25. милиони долари!

Не ретко се вели дека слободата нема цена, а се чини според тоа се повела и популарната пејачка Шакира која без проблем си го платила долгот кон Шпанија…
По проблемите со кои се соочи Шакира, а се однесуваат на затајување данок за што ја обвинија шпанските власти, Колумбијката даде огромна сума за да се спаси!
Шакира била соочена со ригорозна казна и можела да заврши во затвор, па бргу на властите им платила повеќе од 22 милиони евра (околу 25 милиони долари), наведуваат шпанските медиуми.
Тужбата против пејачката е поведена уште во 2011. година, а набргу потоа властите ја провериле нејзината финансиска состојба во периодот од 2011. година до 2014. година по што дошле до заклучок дека затаила данок.
Шакира како даночен обврзник е пријавена во Барселона во 2015. година, а пред тоа била на Бахамите. Во Шпанија престојувала најмалку шест месеци годишно, па законски не била обврзана да ја пријавува својата заработка, тврдат нејзините адвокати.
Инаку, Шакира од 2015. година официјално е граѓанка на Шпанија и живее со фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, со кого има два сина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …