(ФОТО) СКРОМНА – Кралицата Ранија има само една роденденска желба

Јорданската кралица Ранија го прославила својот 50-ти роденден и иако е во шестата деценија, сепак важи за најубавата кралица на светот.
„Ништо не може да го надмине денот кога ќе го поминете опкружен со луѓе кои најмногу ги сакате. Им благодарам на сите за убавите честитки за роденденот – ми го разубавивте денот“, објавила кралицата Ранија покрај семејна фотографија.
На неа, со прекрасната Ранија, се наоѓаат нејзиниот сопруг, кралот на хашемитското кралство Јордан Абдула Втори, и синовите – принцовите Хусеин (26) и Хашим (15) и ќерките – принцезите Иман (24) и Селма (20).


По повод нејзиниот 50-ти роденден, кралицата даде ексклузивно интервју за британскиот магазин „Hello”“.
„Ова беше тешка година, но јас сум благодарен за сè што направи мојата земја за борба против ширењето на вирусот Ковид 19 во рамките на нашите граници и горда сум што здравјето и неговото зачувување беа на прво место во секое време. За мојот роденден, сè додека сум опкружена со моите најблиски и сè додека тие се безбедни и здрави, не можам да барам ништо повеќе“, изјавила за „Hello“ кралицата на Јордан.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …