(ФОТО) Скопје Мериот Хотел прослави две години постоење

Две години Скопје Мериот хотел како дел од глобалниот бренд, ги нуди своите услуги во хотелиерството и угостителството. Откако е отворен хотелот досега во него отседнале многубројни гости, странски делегации и ѕвезди од класичната и поп културата. Биле организирани и бројни конференции и свечености од јавен и корпоративен карактер, со што Скопје Мериот хотел се издвои како угостителски објект со врвна услуга, капацитети прилагодливи за сечии потреби и беспрекорно место за секаков вид настани.

Со уникатниот, дизајнерски стилизиран ентериер, услуга базирана врз знаењето и долгогодишното искуство на глобалниот бренд, секој корпоративен настан, рекреативна посета, одмор, или свадбена забава, се издигнати на повисоко ниво од очекувањата на гостите. Како дел од глобалниот бренд, хотелот во центарот на градот ги прифати и примени најценетите вредности во хотелиерството. Така, комоцијата на престојот, бројните содржини, пријателската атмосфера, професионална услуга, станааврвните квалитети и најважни приоритети на Скопје Мериот хотел.Одличната локација во самиот центар, овозможува лесен пристап до хотелот, престој и олеснувачка околност за истражување на градот што било причина плус за многу странски гости.


Со својата ангажираност околу уникатните содржини и единствени настани, Скопје Мериот хотел во овие две години многу пати разни делови од светот успеа да оживее и донесе во Скопје, со што придонесе за збогатување на социјално – културниот живот во градот и Скопје да дише во духот на космополитизмот.

Во истиот тој дух,Скопје Мериот хотел го прослави својот втор роденден на 11ти мајсо тематска забава во Њујорк стил.Одбележувањето на двегодишното постоење беше проследено со музика што асоцира токму на Њујорк, со тематски реквизити, кујнски специјалитети подготвени од креативниот кулинарски тим на хотелот, уникатни пијалаци и други впечатливи декорации со главните обележја на „големото јаболко”. Со обележување на својот втор роденден, Скопје Мериот хотел уште еднаш ја докажа посветеноста кон своите соработници и клиенти.Меѓу гостите присутни на Њујоркшката забава беа еминентни имиња од бизнис заедницата, амбасадори, владини претставници, медиумската фела, како и јавни личности од државата.


Вториот роденден на Скопје Мериот хотел е само дел од настаните кои изминале и оние кои ќе следат, а се показател на успешно работење и радост за секоја наредна година инспирирана од брилијантното живеење.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …