Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао и атрактивната Бразилка Каролина Лима, по повеќе од една година ставија крај на својата љубов.
View this post on Instagram
Како што пренесуваат странските медиуми, Лима ја обелоденила веста за нивното раскинување неколку дена по породувањето.
„Откако се врати од своето патување, се обидов да ги средам работите. Дојде до точка кога видов дека љубовната врска нема да функционира. Решив да ја прекинам и мислам дека тоа е најдобрата одлука. Ние секогаш ќе имаме врска, а тоа е Сесилија, која ќе ни биде приоритет во животот. Што и да е, ќе мора да бидеме добри кон неа“, изјави Каролина.
View this post on Instagram
Инаку, Бразилката Каролина Лима е добро познато лице на социјалните мрежи. Таа е инфлуенсерка, и често објавува свои атрактивни фотографии на Инстаграм и ги користи своите мрежи за промовирање на многу брендови.
Иако е позната личност, приватниот живот, но и информациите за семејството ги држи подалеку од очите на јавноста.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram