(ФОТО) ШОК! НА НАДАЛ ПОВТОРНО МУ ПУКНАЛ СТОМАЧЕН МУСКУЛ! Шпанецот ја дознал страшната вест и донел ВАЖНА ОДЛУКА пред полуфиналето на Вимблдон!

Најнови информации од Шпанија за состојбата на Надал.
Рафаел Надал инсистирал да продолжи со својот четвртфинален натпревар на Вимблдон против Тејлор Фриц и покрај повредата на стомачниот мускул, а сега наводно сака да оди на теренот за да игра во полуфиналето против Ник Киргиос и покрај скинат мускул.
Угледната шпанска „Марка“ информацијата за состојбата на Надал ја доби ден по четвртфиналниот дуел кој заврши по четири часа и 20 минути игра.


Во споменатиот напис се наведува дека Надал има расцеп од седум милиметри на еден од стомачните мускули, но сепак сака да игра против Кирјиос.
„Марка“ потсетува дека „Бикот од Мајорка“ веќе играше во такви услови во 2009. година, кога на УС Опен го играше полуфиналето против Хуан Мартин дел Потро.


По победата во четвртфиналето, самиот Надал беше свесен дека има проблем со стомачниот мускул, за што изјави веднаш по завршувањето на петтиот сет.
Сепак, брзо се крена полемика за тоа колку е сериозен проблемот што го има Шпанецот, а еден од скептиците е познатиот тенисер Фабио Фоњини, кој преку социјалната мрежа Инстаграм им порача на своите следбеници да „не веруваат во се што ќе прочитаат“ и дека тој е убеден дека некој што е повреден нема да може да победи на натпревар во траење од четири часа и 20 минути.


Од друга страна, Фриц, кој загуби од вториот носител во полуфиналниот меч, по мечот изјави дека забележал дека Надал навистина има проблем и дека најверојатно успеал да се справи со болката до крајот на мечот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …