СТРАДА ОД ПРОЗОПАГНОЗИЈА – Бред Пит проговорил за битката со ретка болест: „Никој не ми верува, мислат дека сум арогантен!“

Актерот Бред Пит ја опишал својата битка со реткото невролошко нарушување и признал дека никој не му верува кога зборува за тоа.
Во интервју за магазинот GQ, Пит открил дека се плаши дека луѓето мислат дека е арогантен, бидејќи има проблеми да ги препознае луѓето и да запомни лица.
„Никој не ми верува! Сакам да запознаам други кои го имаат тоа. Многу луѓе мислат дека сум арогантен и не ми веруваат”, рекол тој.
Актерот верува дека страда од прозопагнозија, а многу луѓе со оваа состојба не можат ни да ги препознаат членовите на семејството, партнерите или пријателите и дека се справуваат со тоа користејќи алтернативни начини за препознавање на луѓето, како што се сеќавање на начинот на кој одат, нивната фризура, глас или облека.

This image has an empty alt attribute; its file name is bred-pit.jpg
Иако на Бред официјално не му била дијагностицирана оваа болест, тој долго време верувал дека ја има и признал дека се грижи што тоа ги тера луѓето да мислат дека тој е оддалечен или социјално повлечен човек.
Просопагнозија или прозопагнозија (од грчките зборови „prosopon“ = „лице“, „agnosia“ = „не познавање“) е нарушување на перцепцијата на човечкото лице. Кај луѓето со ова нарушување, способноста за препознавање други предмети е релативно непроменета. Се смета дека околу 2,5% од луѓето страдаат од прозопагнозија.
Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …