Вилијам Френд, сопругот на актерката Бевина Принс, која на јавноста и стана позната во серијата „One Tree Hill“, е пронајден мртов во чамец.
Според странските медиуми, до трагедијата дошло кога гром удрил во неговиот чамец поради големо невреме. Набрзо дошла брзата помош и околу половина час се обидувале да го реанимираат, но безуспешно.
View this post on Instagram
Бевина и Вилијам се венчале во 2016. година и живеат на плажата Ригсвил. Откако таа го напушти актерството, заедно отворија теретана во 2019. година.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram