Глумицата користејќи ги социјалните мрежи со следбениците ги делела искуствата за време на лекувањето на ракот на дојка. Сега тврди дека е здрава, но не може да се справи со последиците од тешкото опоравување…
Шенон Доерти (46) после борбата со ракот со дојка, поради што имала мастектомија, хемотерапија и зрачење откако во 2015. година и била дијагностикувана болеста се вратила на вообичаениот живот.
Глумицата користејќи ги социјалните мрежи со следбениците ги делела искуствата за време на лекувањето на ракот на дојка. Сега е здрава, но не може да се справи со она за што сите луѓе во ремисијата, односно, состојба на отсуство на болеста знаат колку е стресно.
„Се затекнуваш себе како размислуваш ’Ах, уште ме болат коските. Дали тоа значи дека имам и рак на коски? Не минува ден после будењето да се запрашам дали е тоа нормално? Потоа, како себе да се плескам си велам дека е се’ во ред и дека сум смешна“ раскажала глумицата.
Негативните мисли, како што тврди се дел од опоравувњето и сега тоа многу добро го знаела.
„Работата е во тоа дека треба да размислуваш само позитивно бидејќи во спротивно болеста може потполно да те обземе“ рекла таа.
Глумицата сега, после осум циклуси хемотерапија и зрачење, како и мастектомија на една дојка, чека на финална, реконструктивна операција.
„Нервозна сум секој пат кога одам под нож. Облекувањето на костумот за капење ќе биде мојата прослава, така ќе знам дека се’ е како некогаш“ заклучила Шенон Доерти