Куглоф – вечна инспирација за нешто ново. Овојпат во солена варијанта, од макарони и спанаќ. Прекрасен, многу декоративен, а за вкусот,ако го пробате и самите ќе видите дека е неописливо добар…
Потребно е:
250 г макарони
3 јајца
100 г павлака
200 г сирење
200 г спанаќ
1/2 страк праз
масло
сол
150 г сечкани сувомеснато
Подготовка: сварете ги макароните, пропржете го исечканиот праз, па додајте исчистен и
исечкан спанаќ, па се’ добро пропржете, додајте сол. Изматете ги јајцата и измешајте со павлаката, додајте изронето сирење и сечкано сувомесно па се уфрлете во сварените
макарони и убаво измешајте.Сега додајте ги спанаќот со празот и уште еднаш измешајте.
Куглофот намачкајте го со масло,истурете ги макароните, израмнете и ставете во рерна
загреана на 200. степени. Печените макарони оставете ги во куглофот, малку да се излади па префрлете на чинијата.

(ВИДЕО+ФОТО) Макарони со спанаќ: Брз и вкусен ручек
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.