Потребно е:
850 г спанаќ
4 лажици меко брашно
4 јајца
1 лажичка сол
малку црн пипер
Фил:
250 г сирење по вкус (најдобро некое крем сирење)
250 г кисела павлака
150 г сечкана шунка
Подготовка:измијте и иситнете го спанаќот и насолете. Оставете да отстои. За тоа време
рерната вклучете ја на 200 степени.Изматете ги белките во цврст снег, додајте ги
жолчките. Потоа додајте брашно и исцедениот спанаќ. Се’ убаво измешајте. Голем плех од
рерна малку намачкајте со масло и ставете хартија за печење, истурете ја целата смеса.
Израмнете. Ставете во фрижидер и печете околу 40. минути на температура од 180.
степени.
Извадете од рерната и плехот и тестото со хартијата завиткајте го во ролат и оставете
да се излади.
Павлаката изматете ја со сирењето. Кога кората од спанаќ ќе се излади, одвиткајте и
намачкајте со половина смеса од сирење, наредете ред шунка, повторно нанесете го
кремот. Завиткајте се’ заедно, пак во хартија за печење и префрлете во фрижидер да
отстои, да се стегне и да се соединат вкусовите.
Исечете на кришки и послужете.

(ФОТО) Солен ролат од спанаќ и сирење:Предјадење кое ќе ве воодушеви!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.