Колумбиската пејачка Шакира, која неодамна потврди дека ја раскинува 12-годишната врска со играчот на Барселона, Пике, открила зошто завршила во амбулантно возило каде ја снимиле папараците.
Имено, 45-годишната пејачка открила дека нејзиниот татко Вилијам Мебарак Шадид доживеал незгоден пад и завршил во болница.
„Добив бројни пораки за загриженост затоа што неодамна ме видоа во амбулантно возило во Барселона“, објавила пејачката на Твитер.
„Само сакав да ве известам дека тие фотографии се направени минатиот викенд, кога татко ми за жал тешко падна и јас го придружував во болница со брза помош, каде што сега се опоравува“, продолжила таа.
Таа ставила и фотографија на која нежно го бакнува лицето на нејзиниот татко, кое е покриено со модринки.
— Shakira (@shakira) June 4, 2022
Фото: Принтскрин/Twitter