(Вознемирувачко видео) Татко херој спасил четиригодишен сосед од давење

Жителот на Канзас, Том Вестерхаус, и неговата ќерка Медокс станаа херои на денот спасувајќи го животот на 4-годишно момче од давење во базен во дворот на семејната куќа. Имено, 12-годишната Медокс за среќа погледнала кон соседниот двор и го видела момчето како влегува во базенот.
Во младоста, Том одел на курс за спасување, па реагирал многу брзо и направил се за да ја спречи трагедијата. Тој скокнал во базенот и го извлекол момчето, по што веднаш го применил методот на вештачко дишење и масажа на срцето.


Момчето по име Ксавиер, кое има аутизам, било во несвест две минути додека Том правел се според правилата за да го врати во живот. По долги две минути момчето конечно почнало да искашлува вода, а набргу потоа пристигнала брза помош, коај во меѓувреме ја повикала малечката Медокс.
Мајката на момчето Алексис Ригни на тој начин го избегнала најлошиот кошмар на многу родители. Додека се одвивала вистинската драма, таа била во куќата со четиримесечно бебе. Таа сфатила дека Ксавиер исчезнал дури кога ги слушнала сирените на брзата помош.
Херојското дуо татко и ќерка ги добија наградите „Херој на родниот град“ за навремена и храбра интервенција за спасување на животот на момчето.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …