(ВИДЕО) ВЕЛИЧЕСТВЕНО – На платинестиот концерт пееле музички ѕвезди: Дајана Рос испратила порака до кралицата!

Долгоочекуваниот концерт по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета која овој настан го следеше од својот дом, го отвори принцот Вилијам, а потоа се „ределе“ ѕвезди кои биле внимателно избрани…

Американската пејачка Дијана Рос го заврши својот настап синоќа на платинестиот концерт во Лондон, поканувајќи толпа гледачи да и се заблагодарат на кралицата Елизабета за нејзината долга служба.


This image has an empty alt attribute; its file name is dijana-ros.jpg

Познатата соул пејачка (78) излезе на сцената облечена во бело-црн фустан, додека на Бакингемската палата беше проектирана слика од диско топка пред која се одржа платинесто јубилеен концерт.


Концертот го отвори бендот Квин
Дијана Рос го заврши својот настап со песната No Mountain High Enough, придружувана од хор и оркестар, и ѝ рече на кралицата: „Од сите луѓе овде вечерва и милиони што гледаат низ светот, имаме една едноставна порака за вас: Ви благодариме”.

На гала концертот пред Рос меѓу другите настапија и „Дуран Дуран“, Крег Дејвид, Алиша Кис и Род Стјуарт. Концертот го отвори бендот „Квин“ со пејачот Адам Ламберт, со избор од нивните класични хит песни меѓу кои We Will Rock You, Don’t Stop Me Now и We Are The Champions.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Театарската претстава „Којзнае зошто?“ вечерва во Дом на млади во Штип

Вечерва, со почеток во 19:30 часот, во Домот на млади во Штип, ќе биде изведена …