(ФОТО) Селена Гомез цел ден се преоблекувала

Во еден ден променила пет аутфити

Меѓу славните дами во последно време завладеал еден интересен тренд.
Се чини кога сте славни и богати еден аутфит дневно не е доволен, но уште попопуларно е ако тоа го направите пет или шест пати.
Неодамна глумицата Кејт Босфорт во ист ден е видена во шест различни модни комбинации, а рекордот и понатаму го држи нејзината колешка, Блејк Лвли, која во еден ден се преслекла дури седум пати. Сега, тоа истото го направила и Селена Гомез, но сепак „само“ пет пати, бидејќи немала многу различни обврски за време на првиот ден на својата посета на Лондон, а патем ги претставила и новите шишки.
Селена денот го започнала во црно-бела комбинација, а носела фустан од моната куќа Proenza Schouler и шик очила за сонце на брендот Kytur. Очилата ги задржала на главата и кога се преслекла во теген фустанче на модната куќа Cushnie Et Ochs која ја искомбинирала со папучи на брендот Trademark.
Мини фустанот подоцна го заменила со „миди“ моделот со цветна шара со потписот на дизајнерската куќа Isabel Marant, а ја искомбинирала со црвени чевли од брендот Mansur Gavriel.
Впачетливите чевли не ги собула ниту кога се преслекла во црно коплетче со долчевита и куси панталони преку кои носела кариран капут на Прада.
Селена денот го завршила на црвениот тепих на доделувањето на наградата Fashion, во раскошен фустан во викторијнски стил и боја на слонова коска на брендот Coach, со кој во почетокот на годината остварила и соработка, а носела и интересни бели чизмички на истиот бренд и драматичен мејк-ап.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …