(ФОТО) Секси Тор: Еден од најзгодните холивудски глумци покажал импресивно торзо

Крис Хемсворт пред неколку години се преселил во Австралија, каде слободното време го минува с’рфајќи на морските бранови.
Можеби има титула за холивудска суперѕвезда, но Крис Хемсворт во австралиското гратче Бајрон Беј е само обичен, локален дечко.
Овој роден Австралијнец ги обожува плажата и с’рфањето, а дека е во одлична с’рферска форма покажал фаќајќи бранови. Тоа бил среќен ден за сите жени кои се нашле на плажата бидејќи Крис при излегувањето од морето го покажал вајаното тело, а не му пречело ниту свежото време.


На социјалните мрежи Крис често објавува фотографии за кои добива само пофалби, секако на сметка на изгледот и љубовта кон с’рфањето.

Ѕвездата на филмот „Тор“ често може да се види на плажите на Бајрон Беј, каде заедно со семејството во 2014. година се преселил од Лос Ангелес, сакајќи да живее со помирен живот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …