(ФОТО) Таа е од него постара 13. години: Многумина мислат дека нивната љубов не е вистинска но тие слават 22. години брак!

За овој холивудски пар често може да се слушне дека е „контроверзен“.
Станува збор за 49. годишниот австралиски глумец, Хју Џекмен и неговата 13. години постара сопруга Дебора Ли Фурнес со која е во среќен и складен брак од дамнешната 1996. година.
А токму во големата разлика во години се крие нивната „контроверзност“, бидејќи се чини дека светот е повеќе навикнат само на парови кај кои разликата во годините е во корист на посилниот, а не поубавиот и понежен пол.

Иако брачниот пар Џекмен не е единствен таков холивудски пр, секако е еден од најпознатите.
А, нивното семејство кое брои и две деца, последните денови се одмора на италијанскиот остров Капри кој е многу популарна летна дестинација на богатите и славните.


Фотографиите на двојката од бродот нè потсетија на нивната љубовна приказна која започна во Австралија, каде што и двајцата се родени, на сет од телевизиската серија „Коррели’, каде Дебора-Ли ја играла главната улога. Хју подоцна ја остварил својата светска кариера и се преселиле во Холивуд, додека неговата сопруга останала, во голема мерка, како глумица позната само на австралиската публика.


Глумецот во медиумите често го обвинувале дека неговиот брак е само прикривање и дека тој е всушност хомосексуалец, и дека ова е една од причините зошто овој холивудски заводник се оженил за многу постара дама. Но, Хју веќе во неколку наврати постојано истакнувал дека Дебора-Ли е најдоброто нешто што му се случило во животот и дека му е мило што се сретнале пред некој од нив да бил славен.


Двојката заедно има две деца, синот Оскар и ќерката Ава, кои ги усвоиле откако Дебор имала две спонтани абортуси, а и покрај разните гласини, дуото изгледа вљубено како и првиот ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …