(ФОТО) „Се случува во секунда“: Мајка споделува предупредување откако нејзиниот син проголтал магнети

МНОГУ родители не се свесни за опасностите што ги демнат нивните деца. Џесика МекНир се згрозила кога погледнала во устата на својот четиригодишен син и видела магнети залепени на неговото грло.
„Може да му се случи на секого и се случува за неколку секунди“, изјавила МекНир за Today.
Оваа мајка забележала дека недостигаат комплет топчести магнети и не требало долго време да сфати дека нејзиниот син Пејтон ги проголтал. Благодарение на гледањето епизода од „Вовед во анатомија“, таа знаела дека мора веднаш да оди во Брза помош.

„Видов два магнети во неговото грло и знаев дека има шанси да проголтал уште“, додала таа.


Кога пристигнала во итната медицинска помош, лекарите откриле дека момчето проголтало вкупно 27. магнети. 25. од нив веќе биле во желудникот, а два биле прицврстени на грлото. Тимот веднаш реагирал, знаејќи дека на момчето ќе му треба операција доколку магнетите стигнат до неговите црева.
„Овие магнети, иако се мали, можат да бидат навистина моќни. Големината нема никаква врска со нивната сила. Тие многу привлекуваат. Можат да направат дупка во цревата, а тоа е најлошото можно сценарио”, објаснува д-р. Мајкл Форман.
Форман ги повикува родителите веднаш да ги однесат своите деца во Брза помош ако се сомневаат дека можеби проголтале магнет. Тој посочува и дека бележи зголемување на бројот на деца на кои им се случува тоа.
„Имаме тројно повеќе случаи, дури 3.000 годишно, инаку во педијатриската гастроентерологија има малку итни случаи, а ова е еден од нив“, предупредува тој.


На Пејтон му биле отстранети сите 27. магнети. Освен болки во грлото следниот ден, тој рекол дека се чувствува одлично. Џесика се надева дека нивната приказна ќе биде предупредување за другите.
„Родителите сè уште купуваат магнети за нивните деца со кои ќе си играат. Знам дека можат да бидат забавни, и јас самата си играв со нив. Но, повеќето не ја сфаќаат опасноста од голтање магнети. Дури и ако се работи за само еден или два магнети, приказната може да има ужасен крај“, заклучила таа.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …