(ФОТО) Се сеќавате ли на момчето кое ја спаси својата сестра од бесно куче? Еве како изгледа денес!

Шестгодишното момче Бриџер Вокер од американскиот град Чејан, во сојузната држава Вајоминг, се прослави откако ја спаси помладата сестра од напад на германски овчар, кој го гризна и му нанесе тешки повреди на главата.
На 9. јули, Бриџер застанал помеѓу неговата сестра и големо куче откако забележал дека животното се насочува кон неа. Кучето го гризнало за образот и му нанело тешки повреди на главата, за кои требало 90 .копчиња за да се затвори раната.
Поминаа повеќе од шест месеци од немилиот настан, а лузните на Бриџер почнаа да бледнеат благодарение на успешното лекување на кое бил по нападот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Nikki Walker (@nicolenoelwalker)


Кога слушнале за неговиот храбар чин, лекарите од една болница решиле на момчето да му дадат бесплатен третман, па неговото лице, со помош на ласерско лекување, полека започнало да го добива својот стар сјај.
Мајката на момчето објавила на својот Инстаграм профилот серија фотографии на кои може да се видат резултатите, а момчето изгледа посреќно од кога било.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikki Walker (@nicolenoelwalker)

„Бриџер е голема инспирација во овие тешки времиња. Неговата храброст го заслужува секое признание“, изјави д-р Банусали за „Дејли меил“, кој е дел од тимот лекари кои го лекуваат момчето.
Откако неговата сестра била нападната од куче, момчето не се двоумело и веднаш скокнало да ја заштити и да се справи со бесното куче, кое сериозно го повредило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikki Walker (@nicolenoelwalker)

Запрашан зошто го сторил тоа, тој рекол:
„Мислев дека ако некој мора да умре, тоа треба да бидам јас.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – Постои опасност од по силно невреме и поројни поплави

Метео прогноза на Славчо Попоски: Денес од пладневните часови на повеќе места низ Македонија Атмосферата …