(ФОТО) Се појавила вистината за „идеалниот брак“ на Ангелина Џоли и Бред Пит!

„Последните години од бракот со Ангелина беа вистински пекол за него. Често се прашуваше дали тој ја познава вистинската Ангелина, бидејќи не можеше да сфати дека таа е жената во која се заљуби…“


Две години по разводот на Ангелина Џоли и Бред Пит испливале нови детали за нивниот брак. Зад сликите на совршено семејство, како што се претставувале во јавноста, се криело нешто сосема друго.
Иако делувало дека нема лесно да се опорави по разделбата од Ангелина Џоли, Бред Пит воопшто не жали за поранешната сопруга. Од друга страна, странските медиуми наведуваат дека актерката долго се премислувала кога требало да ги предаде документите за развод. Како и да е, шансите за смирување се минимални.


“Бред е сосема рамнодушен. Не жали по Ангелина, ниту размислува за тоа да и даде втора шанса. Последните години од бракот со Ангелина беа вистински пекол за него. Често се прашуваше дали тој ја познава вистинската Ангелина, бидејќи не можеше да сфати како жената во која се заљуби и со која се ожени може така да се однесува кон него”, открил извор близок на актерот за “Hollywood Life”.


“Се помири со ситуацијата и продолжи натаму. Децата му се на прво место, тие му се се на светот”, додал изворот.
Потсетуваме, претходно се пишувало дека Џоли жали поради разводот, и дека константно се преиспитува дали ја донела правилната одлука, бидејќи Бред секој ден се’ повеќе и недостасува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …