Во наредните неколку дена во Европа пристигнува еден од најладните бранови, а метеоролозите велат дека може да се очекуваат и првите обилни врнежи од снег оваа сезона. Ладниот бран кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите.
Снег вчера заврна и во Словенија, но само над 2.000 метри надморска висина.
Заладување ќе се почувствува во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а утре се очекува на југот од Франција и западот на Медитеранот да биде „многу ладно“. Втор ладен бран доаѓа после среда и ќе ја зафати источна Европа и Балканот.
Во Македонија времето главно ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до девет, а дневната од 19. до 26. степени.
Од денес драстична промена на времето: Пристигнува поладен бран!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.