(ФОТО) СЕ’ Е ПОД ЗЕМЈА – Вака изгледа луксузниот бункер резервиран за богатите во случај на крајот на светот

Пандемијата и војната што избувна во Украина покажаа дека никој не е безбеден од катастрофите што можат да го снајдат светот каков што го знаеме.
И’ додека повеќето луѓе се надеваат дека ситуацијата во светот нема да се влоши и дека заканите за нуклеарното оружје се залудни, има и такви кои се подготвуваат за најлошите сценарија.

Имено, Survival Condo нуди бункери претворени во луксузни апартмани каде може да се дочека крајот на светот. Тоа се добро обезбедени места во поранешна ракетна база кои можат да издржат нуклеарен напад, природна катастрофа или која било друга катастрофа.


Бункерот се наоѓа во американската сојузна држава Канзас и просечната продажна цена на станот е околу 3. милиони долари. Поевтините варијанти чинат околу 1,5 милиони долари, додека оние поскапите се дури 4,5 милиони долари.
Зад сето ова стои „The Survival Condo Project“, а тврдат дека овде можат да живеат 75. луѓе во период до 5 години.


Бетонските ѕидови во бункерите се дебели околу три метри и можат да издржат налети на ветер од 225. километри на час, додека влезот е блокиран со челична врата тешка осум тони. Целата зграда се наоѓа под земја, има 14. ката а точната локација е тајна.
Сопствениците сакаат да ги продадат бункерите на луѓе од различни професии чие знаење би било од голема корист за целата заедница во случај на крајот на светот. Луѓето со криминално досие, на пример, нема да можат да го купат тој стан за да преживеат дури и да ги имаат потребните пари.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …