(ВИДЕО+ФОТО) САМО ЗА ХРАБРИ – Во Џакарта се отвори ресторан кој виси во воздух на висина од 50. метри: Дали би сакале да вечерате во него?

Луѓето кои сакаат да доживеат ручек или вечера на летечката платформа сега можат да го сторат тоа во Џакарта. Неодамна во овој индонезиски град е отворен необичниот ресторан Lounge in The Sky, кој на гостите ќе им овозможи уникатно јадење на висина од 50. метри.

За време на еден час вечера, гостите ќе се препуштат на искуство со ручек на отворено, кое се рангира меѓу „најекстравагантните“ во светот. Овој тип на ресторан е отворен за прв пат во Индонезија, а трет од ваков вид во светот по Белгија и Малезија.


Додека уживаат во оброците, гостите ќе користат сигурносни појаси, а придружниот персонал ќе биде опремен со сигурносни појаси. Супервизорите ќе ги запознаат гостите со безбедносните прописи пред да ја подигнат платформата. Платформата може да прими 32. луѓе истовремено, а цената на оброкот во овој ресторан се движи од 110. до 260. долари.
Ресторанот има одредени правила за своите гости, вклучувајќи минимална возраст од 17. и повеќе години, максимална тежина од 150. килограми и минимална висина од 135. сантиметри.


Телескопскиот кран од 300. тони го одржува во воздух Lounge in The Sky, а ресторанот ќе остане во Џакарта три месеци. Гостите можат да ги резервираат своите места, а пред отворањето на ресторанот на листата на чекање имало над 5.000 гости на листата за чекање.


Трите пакети за гости вклучуваат стандардна класа за 112. долари, бизнис класа за 225. долари и прва класа за 260. долари.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …