(ФОТО) Се чека реакција на Меланија: Порно глумицата сака да ги врати парите и да раскаже се’ за аферата

Едвај преминала преку досегашните скандали, но во јавност на својот сопруг Доналд Трамп не пропуштила да му даде до знаење дека нема да го толерира неговото однесување. Но, сега, се’ би можело дополнително да се искомпликува бидејќи Сторми Даниелс сака да ги врати парите кои ги добила за молчењето и во јавност да ги изнесе сите детали за нивната вонбрачна афера.
Откако се дознало за наводната афера на американскиот претседател Доналд Трамп и порно ѕвездата Сторми Даниелс, на таа тема не престануват да пристигнуваат новости. А, со сето тоа најмалку е воодушевена првата дама – Меланија Трамп. Иако се се случило одамна,во време кога Меланија го родила синот Барон, се’ е повторно актуелно последните месеци.
А, целата ситуација, се чини, и здодеала и на порно ѕвездата која во последниот обид да дојде до насловните страници на светските магазини нуди да ги врати оние 130.000 долари на адвокатот на Трамп, кој тие пари и ги дал како замена за молчење, а се’ за д конечно може слободно и без резерви да проговори за нивната, наводна, врска.
Копијата од писмото кој адвокатот на 38. годишната порно ѕвезда, Мајкл Авенати, му го испратил на Мајкл Коен, личниот адвокат на 71. годишниот американски претседател е во посед на NBC News.Во писмото Сторми Даниелс,со вистинско име Стефани Клифорд, говори дека до петок 16. март, сите пари ќе ги префрли на сметка на Трамп, а во замена конечно ќе може слободно и без задршка да проговори за аферата, но и неговите обиди да ја замолчи.
Целата „размена“ на порно ѕвездата ќе и овозможи да објави и, доколку има, било какви текстуални пораки, фотографии или видео снимки со претседателот, а кои, можеби, се во нејзини рце, без било каков страв од можни тужби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …