(ВИДЕО) Влатко Стефановски трогнат по она што го слушна за себе во емисијата  „Улица Македонија“

Даниел Кајмакоски не можеше да ги задржи солзите, а да не заплаче, а пак Влатко Стефановски беше трогнат…

Гостин во најновото издание на ТВ емисијата „Улица Македонија“ кај Бојана Скендеровски беше единствениот и неповторлив- Влатко Стефановски.
Човекот кој е синоним за Македонија каде и да патувате низ светот, со кариера која што трае повеќе од 40. години.
Тој е како лектира која мора да ја имате прочитано ако сакате да ја познавате музиката… Тој е нашето национално богатство, а на „Улица Македонија“ ја истури својата скромност, приземјеност и мудрост на која го научила животот.
Имено, како и во секое од претходните изданија на „Улица Македонија“ од новата сезона, гостите во студио имаат една несекојдневна прилика, покрај разговорот со Бојана, да слушнат и еден омаж за себе, спакуван во неколку минути, а наречен „Поглед низ прозорец“.
Даниел Кајмакоски не можеше да ги задржи солзите, а да не заплаче, а пак Влатко Стефановски беше трогнат.
Како реагираше кога го слушаше ова за себе, можете на погледнете на 35. минтути и 36. секунди, но топло ви препорачуваме да го погледнете целото видео од емисијата кое го гледате во продолжение:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

‘GOKO’ го издаде својот нов албум

Гордон има 29 години и се бави со продукција на електронска музика повеќе од 10 …