Неделна прогноза: Дожд и ветер но и сончеви периоди!

Откако ќе помине бранот на врнежи во текот на понеделник попладне и навечер, не очекува за нијанса посвежо време, но и повремени локални врнежи од дожд во текот на оваа работна недела.
Наутро температурата во текот на сите денови од работната недела ќе биде позитивна, но мал исклучок се очекува на повисоките места в четврток, кога ќе има појава на слаб мраз, односно минимална температура околу -1.
Во вторник и четврток максималната вредност на температурата низ котлините од северниот и западниот регион ќе биде помеѓу 12 и 15, а во гевгелиско – дојранскиот крај околу 17.
Најсвеж ден од оваа работна недела ќе биде среда, кога максималната во однос на вторник ќе биде пониска за околу 2, додека најтопло ќе биде в петок, кога максималната вредност на температурата низ котлините од северниот и западниот регион температурата ќе биде помеѓу 14 и 17, а во гевгелиско – дојранскиот крај околу 20.
Поветровито ќе биде во текот на вторник. Врнежите ќе бидат сосема локални. Ги очекуваме во вторник и во среда, но како што споменавме, ќе бидат попладневни и сосема локални, претежно застапени во планинските делови од северниот и западниот крај. Во глобала може да се каже дека котлините во вторник и среда ќе имаат мала до умерена облачност и претежно суво време.
Последните два дена од работната недела ќе бидат претежно сончеви и суви, најавуваат од meteopro.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Младенци влегле во салата, а потоа настанала тишина: Сфатиле дека никој не дошол на нивната свадба, невестата снимала се, а тажните сцени предизвикале хаос на мрежите

Таа објаснила дека поканила 75 луѓе преку социјалните мрежи, додека 25 физички покани се испратени …