(ФОТО) Родители ВНИМАНИЕ:Дете за малку ќе се угушело откако пуканка му влегла во белите дробови!

Пуканките се една од најпопуларните грицкалки и скоро е невозможно да се замисли гледање фил без таа посластица. Иако таквото сценарио звучи како забавна, семејна вечер, важно е да се знае дека таквите ситни грицкалки се опасни за малечките деца. Токму на тоа предупредила Никол Годард, мајка чиј син скоро се угушил со пуканки.
Како што напишала на Фејсбук, семејството гледало филм, а малечкиот Неш јадел пуканки и се чинело дека се’ е во ред.
Меѓутоа момчето почнало да кашла, но никој не се посомневал дека проблемот е во пуканките. Кашлал се’ посилно, добил температура и мајката одлучила да му верува на својот инстинкт и се јавила на педијатар кој им рекол веднаш да одат во болница.
Ренгенската снимка го потврдило сомневањето. Пуканка влегла во неговите бели дробови.


„Се разви воспаление на левото плуќно крило. Лекарите предложија операција со која ќе се отстрани парчето пуканка“, објаснила Годард.
Неш, на крај, минал две операции со кои биле отстранети шест парчиња пуканки. За среќа, успешно се опоравува.
Лекарите ја предупредила мајката дека пуканките не се даваат на деца помалечки од пет години токму поради вакви ситуации.
„Мразам да го користам изговорот дека тој ни е трето дете и дека не внимавам како кога сме имале само едно“ рекла мајката.
„Сакав оваа приказна да ја споделам со сите бидејќи луѓето воопшто не се свесни колку лошо влијание можат да имаат пуканките на малечките деца. Благодарни сме што нашиот син е во ред“, додала таа.
Објавта на мајката станала вирален хит и корисниците на социјалните мрежи ја споделиле 140. илјади пати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …