Ќерката Луциа, на Рики Мартин, е родена на Бадник 2018. година, точно на неговиот 47. роденден.
„Родена е на мојот роденден. Тоа е баш супер. Почнуваме од почеток, имам прекрасен сопруг кој сега се грижи за бебето. Се е прекрасно“, изјавил Мартин на црвениот тепих пред доделувањето на наградата Златен глобус, само 12. дена по нејзиното раѓање.
Тоа бил негов прв коментар на улогата на татко на три деца. Имено, Мартин е татко и на 10. годишните близнаци Матео и Валентин кој ги одгледува со Јосеф.
„Откако се родија близнаците сакав уште едно девојче. Сакав големо семејство“, рекол пејачот во една пригода и открил дека веројатно и понатаму ќе го проширува семејството.
Но, сите овие седум месеци парот го чувал девојчето далеку од очите на јавноста па многу обожаватели се изненадиле кога ја објавиле нејзината прва фотографија на Инстаграм.
„Каква љубов! Каква принцеза“, е само еден од воодушевените коментари.
„Луциа е ваше најубаво уметничко дело“, заклучила една од обожувателките.