(ВИДЕО) ДОБРИ ЛУЃЕ: Славен глумец извлекол дете од превртен автомобил!

Холивудскиот глумец Дени Трејо, познат по своите улоги на некој „свиреп тип“ во филмовите како „Мачета“, во средата помогнал во спасувањето на малечко дете заробено во автомобил кој се превртел при судар во Лос Ангелес.
Трејо (75) за телевизиската станица KABC-TV рекол дека бил на пат кон автомеханичар во квартот Селмар кога видел како возач во автомобил минува преку црвено светло и удира во друг автомобил кој на раскрсницата се превртел на кровот.
Детето кое било врзано во своето седиште во задниот дел од автомобилот, како и неговата баба која возела, биле заробени во превртениот, делумно „уништен автомобил.

Трејо и една жена по име Моника Џексон се здружиле за да го ослободат детето пред на мастото на несреќата да пристигне брза помош. Џексон лазејќи влегла под автомобилот со цел да го откопча детето, а Трејо го извлекол од другата страна.
Глумецот рекол дека морал да го смирува детето пред да го ослободи.


„Беше во паника и му реков:’Ок, мораме да ги употребиме нашите супермоќи’ и тој врисна ‘Супермоќи’ и почнавме да викаме ‘Супермоќи’“, се присетил Трејо. „Некако се поврзавме“.
Трејо останал со детето и откако бил ослободен додека неговата баба не била извлечена од спасувачите на сигурно.
KABC-TV јавува дека никој не е обвинет, иако три лица, меѓу кои бабата и внукот, биле одвезени на преглед во болница.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …