(ФОТО) Српски „Курир“ на насловна пренесува, наводна, изјава од Боки 13 во полиција:“Ако ме убиете доказите против Заев се кај мајка ми!“

Денешната насловна страница на српски Курир пренесува што наводно кажал Бојан Јовановски во полиција кога бил уапсен.
„Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“, гласи насловот на насловната страна на денешен Курир.
На фотографиите на насловната страница, Боки 13 може да се види со неговата мајка, како и со премиерот Зоран Заев и со Катица Јанева.



Понатаму медиумот на насловната страница пренесува дека Боки Јовановски се заканил:
„Ако ме обесите и се обидете тоа да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, ме мачите, застрашувате, убаво сега ви кажувам, да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, пренесува весникот во печатеното издание.


Медиумот не наведува како дошле до оваа изјава, ниту дали извор е од некој полицаец (инспектор…) кој бил присутен кога Бојан Јовановски бил приведен, или е меѓу снимените докази…

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …