(ВИДЕО) Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски проговорила за разводот: “Нормално дека е тешко…!“

Освен за разводот, Димитриевска зборувала и за здравиот начин на живот, но и за успешната манекенска кариера.
Во април оваа година се појави информација дека популарниот македонски пејач и победник на Икс фактор, Даниел Кајмакоски, се разведува од својата сопруга, манекенката Кристина Димитриевска.


Парот стапи во брак во 2016 година, а една година подоцна го доби синот Давид. По ваквата информација, набрзо се огласи и самиот пејач кој ја потврди веста, но и додаде дека одлуката за развод била заедничка бидејќи тоа било најдобро за нив. Даниел навел и дека тие останале во добри односи и заедно се грижат за своето дете.


По три месеци, “Бекстејџ” направи интервју и со Кристина, која го дели истиот став со Кајмакоски:
“Ние се разделивме на пријателски начин и сме во контакт поради нашето дете Давид, кое нѝ е најважно”.


 


На прашањето како се справила со разводот, таа признала дека ѝ било тешко:
“Нормално дека е тешко, но мораш да имаш силна психа и да продолжиш понатаму. Беше долг период на затвореност, поминав депресивен период, но важно е кај сме сега”, изјавила Кристина.
Освен за разводот, Димитриевска зборувала и за здравиот начин на живот, но и за успешната манекенска кариера.
Погледнете го целото интервју:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Искра“ – концерт на Македонската филхармонија со виртуозот на виолина Роман Симовиќ

Македонската филхармонија го најавува концертот „Искра” кој ќе се одржи на 16 мај (четврток) со …