(ФОТО) РИБАР ОД ВОДА ИЗВЛЕКОЛ АЈКУЛА СО ДВЕ ГЛАВИ: Ова изненадување долго ќе го памти!

Рибар од индиски Палгар уловил бебе ајкула, долга околу петнаесет сантиметри, која имала две глави.
Патил Нинин забележал ајкула меѓу уловот и бидејќи никогаш не видел такво нешто, морал да направи неколку фотографии пред да ја врати во вода.
Патил истакнал дека рибарите не јадат толку мала риба, па не му паднало на памет да ја задржи или убие ајкулата.


“Никогаш не сме виделе вакво нешто. Веруваме дека голема ајкула добила малечки, па ја добила и оваа со две глави”, рекол рибарот Умеш Палекар.
Експертите од Мумбаи потврдија дека овој феномен е многу редок и веројатно прв на бреговите на Махараштра.
„Овој феномен е забележан кај неколку животински видови, вклучително и ајкули, и најверојатно станува збор за мутација или некое друго нарушување или дефект на ембрионот, а извештаите за тоа се многу ретки“, изјавил индискиот научник Акилеш К.В.
Двоглавата ајкула најверојатно нема да достигне старост.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …