На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како патничка во авион удира стјуардеса,а сето тоа затоа што била предупредена дека не ја носи правилно заштитната маска.
Инцидентот се случил на 20. октомври на лет од Мајами до Атланта, а наводно бил поттикнат од фактот дека патничката одбила правилно да ја носи заштитната маска.
„Не се осмелувај да ме допреш. Ме турна“, се слуша на снимката пренесена од двајца новинари, кои биле во авионот.
Here’s what happened on our @delta flight from #Miami to #Atlanta tonight after a passenger refused to wear a mask as per policy and then gets into altercation with flight attendant. Video via @kingcoreythefirst on IG pic.twitter.com/TBBYq1VCBb
— Suzanne Kianpour (@KianpourWorld) October 20, 2020
Новинарката која работи за Би-Би-Си, Сузан Кинпур, објавила видео од конфликтот и изјавила дека патничката одбил да носи маска. По конфликтот, другите патници се обиделе да ја смират жената, која на крајот морала да го напушти авионот.