(ФОТО) ПРОСЛАВА НА РОДЕНДЕН КОЈА СЕ ПРЕТВОРИЛА ВО ХОРОР: Ајкула одвлекла тинејџер во морето! Загубил 70 отсто од крвта: Среќен сум што сум ЖИВ!

Тинејџер (15), кој бил на роденденско патување со своето семејство на Флорида Киз во САД, преживеал напад од ајкула поради што загубил 70% од крвта во телото.
За неговиот 15-ти роденден, Лукас Круз бил на брод со своето семејство, во близина на архипелагот јужно од Флорида, во Америка, кога ајкула го одвлекла во морето.


Тинејџерот го преживеал нападот и покрај фактот што загубил 70% од крвта, од повредите што ги здобил на нозете, пренесува „Мирор“.
Роденденското патување се претворило во хорор и борба за животот на Лукас, додека неговата мајка и дедо се обидувале да го повлечат назад до бродот, а ајкулата му ги кинела нозете со смртоносни каснувања.


На крајот успеале да го ослободат, но повредите биле катастрофални. Експертите веруваат дека момчето било нападнато од бик ајкула долга околу три метри бидејќи само таа можела да нанесе вакви повреди.
Лукас вели дека е среќен што е жив.



„Мислев дека е брод, но кога погледнав над водата, видов дека нема брод во моја близина“, вели тинејџерот.
Кога успеале да го разделат од ајкулата и да го одвлечат назад кон бродот, крвта била насекаде.


„Многу крварев на бродот. Мислев дека ќе ја изгубам ногата. За среќа, не”, рекол Лукас.


Извор: yahoo/life

Фото: FACEBOOK

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …