По тивката болка која ја чувствуваше во себе принцот Вилијам од својот дедо, принцот Филип,се прости, на нивината официјална страна на Инстаграм.
„Векот на животот на мојот дедо беше дефиниран од службата – кон неговата земја и Комонвелтот, кон неговата сопруга и кралицата и кон нашето семејство.
View this post on Instagram
Се чувствувам среќен што не само што го имав неговиот пример да ме води, туку и неговото трајно присуство во мојот возрасен живот – и во убави времиња и во најтешки денови. Јас секогаш ќе бидам благодарен што мојата сопруга имаше толку многу години да го запознае дедо ми и за љубезноста што и ја покажа. Никогаш нема да ги земам здраво за готово посебните спомени што моите деца секогаш ќе ги имаат од прадедото кој доаѓаше да ги собере во неговата кочија и сами да го видат неговото заразно чувство за авантура, како и неговата палава смисла за хумор!
Дедо ми беше извонреден човек и дел од извонредна генерација. Кејт и јас ќе продолжиме да го правиме она што тој би сакал и ќе ја поддржуваме Кралицата во следните години. Ќе ми недостасува дедо ми, но знам дека тој би сакал да продолжиме со работата“, стои во пораката од војводата од Кембриџ по смртта на војводата од Единбург.
Фотографијата на принцот Филип и малечкиот принц Џорџ е направена од Кејт Мидлтон.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram