Пристигнува нов ладен бран: Еве какво време не очекува во наредните пет дена!

Од север во нашите краиштапристигнува нов ладен бран проследен со дожд и снег на планините. Еве каква прогноза подготви УХМР за наредните пет дена.
Денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 15л/м2), проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Дневните температури ќе се движат од 3 до 20. степени.
За утре (среда) се најавува умерено до значително облачно и посвежо со локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег.Утринските температури ќе се движат од -1. до 7., додека дневните од 3. до 18. степени.


Во четврток ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините на северозапад со врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.Минимална температура: -2°C до 5°C. Максимална температура: 9°C до 16°C.
За петок се најавува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Минимална температура: -4°C до 3°C. Максимална температура: 11°C до 18°C.
Во сабота ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минимална температура: -2°C до 4°C. Максимална температура: 9°C до 15°C.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …