(ВИДЕО) ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Дедо (85) на клавир свири познати мелодии и така им помага на заболените од рак

Во чест и сеќавање на неговата почината сопруга, тој ја иницирал оваа хуманитарна акција.
Алан Мелинк (85) од Лондон ги освоил срцата на луѓето ширум светот, откако на интернет започнал да објавува снимки на кои свири пијано, сето тоа во чест на неговата почината сопруга.
Нивната љубовна приказна започнува во џез-клуб каде што се запознале. Љубители на музиката, тој и неговата сопруга Пат, со години уживале во класичната и џез музиката. За жал, таа починала од рак на јајници во 2006 година. Од тогаш, Алан започнал со собирање пари за истражување на ракот во Велика Британија со неговите месечни концерти.


Бидејќи морал да ги прекине овие концерти заради пандемија на ковид 19, неговата внука Бела му помогнала и му дала идеја да ги покаже своите вештини и талент на социјалната мрежа Тик Ток – и така се создаде профилот „Piano Grandad”.

Внуката Бела е горда на својот дедо
„Моите концерти станаа вирални и јас сум презадоволен. Бев воодушевен што луѓето сакаат да ми помогнат да соберам средства за здружение што многу ми значи“, изјавил тој за Metro.


@pianograndad##TechTokTips ##AirPodsJUMP ##grandad ##talent ##piano ##grandpa ##classical ##pianist ##fyp ##schubert ##chopin ##mozart ##pianograndad

♬ original sound – Alan M


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …