(ФОТО) Откриено што принцот Филип и пишувал на принцезата Ди во писмата – „Само глупав човек би ја напуштил Дијана за Камила“!

Принцот Филип јавно го осуди својот син принцот Чарлс кога реши да ја напушти принцезата Дајана поради Камила, а еден од кралските дописници Ричард Кеј за „Дејли мејл“ открил уште неколку непознати детали од врската на Филип и Дијана.
Дијана наводно им се доверила на своите пријатели во една прилика дека за брачни проблеми најмногу зборува со свекорот наместо со сопругот и дека тој е единствената личност што целосно ја разбира.
Како и да е, дописникот тврди дека тоа не било секогаш така. Понекогаш Филип наводно се лутел на самото споменување на името на Дијана затоа што сметал дека таа не е на висина на задачата правилно да се поврзе со кралската институција. Сепак, тој подоцна се приврзал за неа.
Тој често и пишувал писма во кои се потпишувал на посебен начин: „Со љубов, Па (тато)“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Princess Diana Spencer (@princesdianaa)


„Како татко на ќерка“
Тој започнал да и испраќа писма во текот на 1992. година, кога нејзиниот брак со Чарлс бил на разнишана основа, и тоа конечно резултирало со развод.
„Неговите писма до Дијана беа исполнети со топлина и љубов, исто како кога татко и пишува на својата ќерка“, открил еден од пријателите на Дајана.


Дајана одговараше на неговите писма и му веруваше на нејзините најголеми тајни и не криеше колку ја повреди неверството на Чарлс.
„Само глупав човек би ја напуштил Дајана за Камила“, заклучил Филип во едно од своите писма.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …