(ФОТО) Принцот и војвотката продолжуваат по стапките на лејди Дијана:„Ќе ја завршиме работата која мама ја започна!“

Добротворна и хуманитарна работа, на која починатата лејди Дијана била исклучително предадена, ќе ја продолжат нејзиниот син и неговата избраничка.
Принцот Хари и неговата сопруга, војвотката од Сасекс, Мерган Маркл, одлучиле да се посветат на продолжување на работата на починатата мајка Дијана.

 


Имено, кралскиот пар одлучил да ја приведе до крај мисијата на Дијана во Африка, на која и била исклучително посветена, а која подразбирала уништување на подрачјата со нагазни мини во јужноафриканските држави.
Наводно, парот детално планира голема и долготрајна тура по Африка за да со заеднички сили конечно го завршат проектот кој го започнала принцезата Дијана.


Да потсетиме, Дијана ја посетила Ангола само неколку месеци пред својата трагична смрт во 1997. година во Париз.
Кралската палата, на барање на Меган и Хари, мометнално спроведува детална истрага за безбедноста во Ангола за да и малечкиот Арчи, првото дете на Меган и Хари, појде со нив.
Наводно, кралската турнеја би требало да започне во Малави, а би продолжила во Ангола, Боцвана и останатите јужноафрикански држави.
На Хари ова нема да му биде првпат да оди во Африка поради хуманитарна работа. Тој веќе во 2013. година го посетил регионот на Ангола и при тоа сведочел на разорното дејство на мините на локалната заедница, а посетил и болница за настрадани од нагазни мини.


Хари изјавил дека е подготвен да „ја заврши работата на мајка му“ и да тргне по нејзините стапки во Африка.
Моментално се размислува за планот Хари и Маркл во Африка да минуваат најмалку шест месеци годишно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …