(ФОТО) ПРЕКРАСНО – ОСВОИЛ 40 МИЛИОНИ НА ЛОТАРИЈА И ДАЛ ОТКАЗ: Еве што прво си купил, а многумина СЕ ШОКИРАЛЕ кога слушнале што направил за своите деца

Клиф Литл од Северен Квинсленд (Австралија) станал мултимилионер преку ноќ во 2019 година со освојување на премијата на Лото. Едно утро ја вршел својата вообичаена работа и го живеел својот вообичаен живот, следното утро имал 40 милиони долари на неговата сметка.
Во интервју за австралиската телевизија „9 News“ тој опиша како се чувствувал кога освоил голема сума пари.

– Не можев да одам да спијам. Не можев да заспијам. Постојано го проверував билетот пред да си легнам, рекол Клиф.
Веднаш по паричната добивка ја напуштил работата и се пензионирал. Немал причина да чека, па веднаш ја исполнил својата прва желба. Тој си купил спортски автомобил Toyota Supra, недвижен имот за своите деца, а дел од парите ги вложил во тркачки коњи.
– Луѓето можат да кажат што сакаат и да зборуваат дека парите не се важни, но парите се одлична работа. Тоа секако не е најважната работа на светот, но решава многу проблеми – изјавил Клиф.


Во меѓувреме, Клиф го зголеми своето богатство инвестирајќи во тркачки коњи. Луѓето кои работат со неговите коњи велат дека никогаш не го виделе, но се задоволни од тоа како ги плаќа.
– Фантастично е кога вашите соништа се остварат – изјавил Клиф за „9News“ кога го прашале како се чувствува што не ги потрошил парите што ги освоил на Лотото, туку наместо тоа инвестирал и ги зголемил.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …