Актерот Арнолд Шварценегер отсекогаш имал повеќе од интересен живот, па не е ни чудо што се е снимено во новиот документарен филм на Нетфликс наречен Арнолд.
Актерот признал дека во детството претрпел малтретирање од страна на неговиот татко, кој бил одликуван нацистички војник, ранет во битката кај Лениград и дека страшните сцени и малтретирањето не го изоставиле неговиот брат, кој поради тоа имал фатални последици.
Неговиот татко, како што открил, по војната станал началник на окружната полиција.
– Беше толку агресивен, беше тиранин. Не тепаше мене и брат ми со кожен ремен. Доаѓаше во три часот наутро пијан и врескајќи низ дома. Се сеќавам дека моето срце чука како лудо бидејќи знаев дека може да ја удри нашата мајка или да не тепа во секој момент. Мислеше дека мора да создаде дисциплина во куќата, дека треба да заработиме појадок – се присетил Арнолд.
Од оваа временска дистанца, тој верува дека неговиот татко бил тешко болен човек кој страдал од посттрауматско стресно растројство и депресија и покажувал шизофреничко однесување.
– Австрија по војната стана земја на скршени луѓе. Многу деца беа скршени од нивните родители, таков е австриско-германскиот менталитет. Да се скрши волјата на детето и да се прилагоди – додал тој.
View this post on Instagram
Сепак, колку и да се обидел татко му да го скрши, не можел.
– Не бев од оние деца чија волја можеше да биде скршена. Станав бунтовник. Секој пат кога ќе ме удреше татко ми, едвај се воздржував да не му возвратам. Само сакав да ја напуштам таа куќа, таа земја и да станам некој и нешто, да бидам богат. Тоа ми помогна да преживеам – бил искрен.
Меѓутоа, неговиот брат не издржал и починал на 24 години.
– Беше понежен. Бруталноста што беше дома, тепањата што понекогаш ги добивавме од нашите родители, мислам дека не можеше да го издржи сето тоа. Затоа многу рано почнал да пие – рекол тој.
View this post on Instagram
На 21-годишна возраст, актерот стана меѓународен шампион во бодибилдинг, што му ја отвори вратата на Холивуд. Се прослави со улогата на Конан Варваринот во истоимениот хит филм, а потоа почнаа да се појавуваат улогите од „Терминатор“ до „Вистински лаги“.
Глумеше во некои од најпопуларните продукции и го оствари својот сон да стане славен и богат. Тој се ожени со Марија Шрајвер, чиј вујко беше убиениот американски претседател Џон Кенеди. Тие беа во брак од 1986 до 2017 година и имаа четири деца. Без разлика дали е под нејзино влијание или не, Шварценегер во еден момент влезе во политиката и стана 38-ми гувернер на Калифорнија (од 2003 до 2011 година).
Потоа започнале се повеќе сериозни проблеми во неговиот брак, кои на крајот завршиле со развод кога се дознало дека Арнолд имал вонбрачен син Џозеф со неговата куќна помошничка Милдред Баена. Таа со децении работела во нивната куќа.
Како што раскажал познатиот актер во документарецот, тој долго време не ни знаел дека Џозеф е негов син.
View this post on Instagram
– Најпрво Милдред и јас претпоставувавме дека Џозеф е дете на нејзиниот сопруг Рохелио. Отпрвин навистина не знаев, но колку повеќе момчето растеше и старееше, толку појасно ми стануваше дека е мое дете – рече тој.
Арнолд открил и како и кажал на својата сега поранешна сопруга Марија дека Џозеф е негово дете.
– Од 2011 година одиме кај брачен советник во обид да го спасиме бракот. Еден ден брачниот советник рече: „Денес Марија сака да бидеш многу искрен за нешто. Сака да знае дали си татко на Џозеф? Мислам дека срцето ми застана во тој момент. Ја погледнав Марија во очи и и ја признав вистината: „Да Марија, Џозеф е мој син. Очигледно беше здробена од признанието – бил искрен познатиот актер.
Набргу потоа, Шварценегер го признал својот син, но тоа му го уништило бракот и тој официјално се развел од Марија шест години подоцна.
Фото: Принтскрин/Instagram