(ФОТО) ПРЕДИЗВИКУВАЧКИОТ ШЛИЦ И БОЈАТА НА ФУСТАНОТ ГО ЗАПАЛИ ИНТЕРНЕТ: Меган Маркл повеќе не се облекува како ПРИНЦЕЗА! 

Меган Маркл и принцот Хари синоќа се појавија на доделувањето на наградите НААЦП во Лос Анџелес, а им беше врачена специјалната награда „Претседателска“ за посебни достигнувања и исклучителна јавна служба.
Ова е прво заедничко појавување на парот на официјален настан по неколку месеци, па не е ни чудо што сите погледи беа вперени во нив!


„Мислам дека можам да кажам дека моето потекло е сосема различно од она на мојата неверојатна сопруга, но дека нашите животи се поврзани со причина. Ја споделуваме посветеноста на животот во службата, одговорноста во борбата против неправдата и верувањето дека она што најчесто се занемарува е најважното нешто што треба да се слуша“, изјавил Хари по добивањето на наградата.

View this post on Instagram

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)



Парот се качи на сцената во гала издание – Хари избра класичен црн костум, дополнет со бела кошула и машна, но сепак сите погледи ги украла убавата сопруга!
Меган блеснала во елегантно, гламурозно издание кое на вистински начин ја истакнало нејзината убавина и фигура. Таа избрала фустан на едно рамо во кралско сина боја со необичен, впечатлив детаљ – тиркизна наметка која ѝ „лета“ зад грбот.


Оваа креација ја потпишува дизајнерот на луксузни тоалети, Кристофер Џон Роџерс, а ја краси провокативен, а сепак одмерен момент – шлиц кој ги открил извајаните нозе на славната Американка.
Изданието Меган го заокружила со златни сандали со ленти од брендот Aquazzura, нејзиниот омилен бренд кога се обувките во прашање, но и убави детали – големи, златни обетки, нараквица од Картие, како и нараквица од сафир која некогаш и припаѓала на принцезата Дијана.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …