(ВИДЕО) Германско-украинска преведувачка заплакала додека го преведувала говорот на Зеленски

На Твитер се споделува видео на германска телевизија на која германско-украинска преведувачка се расплакала додека го преведувала говорот на Зеленски.
За време на преносот на говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски на германската телевизија, жената што го преведувала не можела да ги задржи солзите. Нејзиниот глас треперел, а како што говорот напредувал, таа со се’ потажен глас го преведувала она што го кажувал Зеленски.
Откако претседателот рекол дека „Русија е на патот на злото и Русија мора да го загуби гласот во ОН“ и дека „Украина многу добро знае што брани“ и „Слава на Украина“, преведувачката застанала. По неколку моменти молчење, таа низ солзи им се извинила на гледачите.


Слична ситуација се случи пред два дена на Би-Би-Си.
Нивната новинарка Олга Малчевска, по потекло од Украина, се разбудила во Лондон во три часот наутро и дознала дека зградата во Киев, каде што живее нејзиното семејство, била бомбардирана во текот на ноќта. Таа се обидувала да стапи во контакт со нејзината мајка и добила порака од неа среде гостување во емисија на Би-би-си.
„Мајка ми се сокрила во подрум кај роднините… за среќа не беше во зградата кога беше погодена“, рекла Малчевска. „Фала му на Бога дека моето семејство е добро… Не можам да верувам на сликите што ги гледам, тоа е зградата во која живеев“, додала таа.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …