(ВИДЕО) Зеленски до руските војници: „Оставете го оружјето и бегајте. Спасете си ги животите!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на руските војници во видео порака преку социјалниоте мрежи.
Тој ги повика руските војници да го положат оружјето и да дезертираат.


„Оставете го оружјето. Оставете ја опремата. Заминете одовде. Не им верувајте на вашите команданти. Не им верувајте на вашите пропагандисти. Спасете си ги своите животи“, рекол Зеленски.

Тој се обратил и до Европската унија и побара итен пристап на Украина во ЕУ.
„Бараме од Европската унија итно да ја прифати Украина во нејзиното членство според нова, специјална процедура. Сигурен сум дека Украина го заслужи тоа и дека тоа е можно“, рекол украинскиот претседател.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …