Блејк Лавли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс ја поддржуваат Украина по руската инвазија, а парот решил да апелира за донации. Блејк и Рајан ќе го удвојат секој долар, до износ од еден милион долари. Со нивни пари помош ќе добијат двојно повеќе украински семејства, а ќе дадат и многу донации.
– Ве молиме донирајте со нас за украинските семејства на САД за УНХЦР – напишал Рајан со фотографија на Инстаграм, додавајќи:
„Ќе ги удвоиме вашите суми до 1. милион американски долари“, напишал тој, додавајќи линк (@usaforunhcr) за донација што води до страница за американската помош за агенцијата на ОН за помош на бегалците.
View this post on Instagram
На страницата може да се донираат суми од 60, 120, 240 и 1.000 долари, како и други, произволни износи.
– 120 долари можат да заштитат осум семејства од временските услови – се наведува на страницата.
Актерите објавија линкови на своите Инстаграм профили, со што ги воодушевија нивните фанови.
„Честитки, најдобти сте“, „Ви благодарам, барем да има уште познати личности како вас“, „Ужасни работи се случуваат, благодарам што зборувате за тоа“, пишувало во коментарите.
View this post on Instagram