(ФОТО) „Прашање на принцип“: Џенифер Анистон, наводно, ќе го тужи Бред Пит за 100. милиони долари

ЏЕНИФЕР АНИСТОН наводно е подготвена да го тужи својот поранешен сопруг Бред Пит за 100 милиони долари, а причината е деловна, пренесува Marca.
Имено, неодамна било откриено дека Бред Пит имал намера да ја продаде заедничката продукциска куќа „План Б“, која ја основаа на почетокот на 2000-тите додека се уште беа заедно. Таа му ги оспорува тие пари и го тужи за 100 милиони долари.

This image has an empty alt attribute; its file name is bred-pit-i-jenifer-aniston.jpg


Во неволја со уште една поранешна
Пит веќе е во правен спор со поранешната сопруга Анџелина Џоли, која упати сериозни обвинувања против него, па овој спор дополнително ќе му ја искомплицира ситуацијата.
Продуцентската куќа која ја коосноваа Пит и Анистон премина во негова сопственост по разводот, но Анистон тврди дека никогаш не добила заслуги за помошта во основањето на компанијата, а шпекулациите се дека нејзиното барање е прашање на принцип колку и на пари.

This image has an empty alt attribute; its file name is jenifer-aniston-i-bred-pit-680x1024.jpeg


Прашање на принцип
„Ова не е само за парите. Што се однесува до Џен, она што е исто толку важно е принципот. Работата е во тоа што таа беше ко-креатор и основач на Планот Б, и додека технички му припадна на Бред, таа не ја доби заслугата затоа што ја градеше од темел“, изјавил за Heat World извор близок до актерката.
Истиот извор додал дека „Џен очекува барем признание и вмешаност доколку се оствари продажбата на Бред, плус опција да работи со кој и да ја преземе“.
Успесите на „План Б“ вклучуваат филмови како The Departed, 12 Years A Slave и Moonlight, кои сите освоија Оскар за најдобар филм. Тие беа вклучени и во блокбастери како „Троја“ и „Чарли и фабриката за чоколади“.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …