(ФОТО) Познатата комичарка открила долго чувана тајна: „Се надевам дека мојот син нема да го наследи моето нарушување!“

АКО има нешто што знаеме за Ејми Шумер, освен нејзината способност да го претвори секој напнат момент во смеа, тоа е дека никогаш не бега од вистината кога е нејзиниот живот во прашање.
Додека некои други познати личности се држат настрана од своите обожаватели, Шумер го прикажува нејзиниот реален живот, оние сцени кои се далеку од гламурозни или ласкави, но се причина за сочувство затоа што и тие се луѓе и зборуваат за борбите низ кои поминуваат многумина од нас секојдневно.

Таа досега зборувала за различни скокотливи теми
Шумер веќе јавно проговори за липосукцијата и бременоста и привлече значително внимание и помогна да се едуцираат другите за ендометриозата, поради што таа беше оперирана. Таа сега открила дека има трихотиломанија, инаку позната како нарушување на влечење коса.
Се проценува дека нарушувањата на опаѓањето на косата погодуваат еден до три проценти од луѓето, а се подеднакво чести и кај момчињата и кај девојчињата. Кога станува збор за возрасните, жените се многу повеќе склони кон тоа.


View this post on Instagram

A post shared by @amyschumer


Како што покажуваат истражувањата, обично започнува за време на пубертетот и трае во просек 20. години, иако е можно се’ да се започне порано во детството.
Според Клиниката во Кливленд, оваа состојба се карактеризира со компулсивно, повторливо кубење на косата од скалпот, трепките и другите делови од телото. Ова може да доведе до забележливо губење на косата и емоционален стрес. Симптомите вклучуваат силни нагони за кубење влакна, чувство на олеснување по кубењето, голи делови на местата каде што е искубена коса и присуство на други повторувачки однесувања насочени кон телото.
Шумер искрено зборувала за Hollywood Reporter во едно неодамнешно интервју, во кое таа признала дека некогаш ја сметала трихотиломанијата за „голема тајна“ и извор на срам.

View this post on Instagram

A post shared by @amyschumer


Како што вели, со оваа психичка состојба се бори уште од училишните денови, кога морала да носи перика поради количеството коса што ја искинала. Сега таа се надева дека другите ќе се чувствуваат помалку осамено додека се обидува да ја отстрани стигмата од овој проблем.
„Мислев дека би било добро да признаам и да го ублажам малку мојот срам“, рекла таа, „а можеби, се надевам, да им помогнам на другите малку да го ублажат својот“.
Не се знае многу за причините за трихотиломанија. Некои сугерираат дека тоа е комбинација на биолошки и психолошки фактори, Шумер се грижи дека ова нарушување еден ден може да го развие нејзиниот син Џин. „Секогаш кога ќе се допре по главата, имам срцев удар“, карикирала Шумер.
„Навистина не сакам повеќе да ја имам големата тајна“, изјави таа за Hollywood Reporter.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …