Убиен сопругот на вицепремиерката на Украина: „Незамислива трагедија“

Сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина е убиен во руско гранатирање, објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко.
Богдан Стефанишин бил убиен пред два дена за време на руско гранатирање додека се обидувал да ги евакуира цивилите од Чернихив.
“Вчера плачев повеќе отколку во сите други 36. дена од војната. Сопругот на мојата колешка Олха Стефанисина е убиен. Тој загина како херој, обидувајќи се да евакуира цивили од Чернихив. Незамислива трагедија”, напишала Василенко на вчерашната објава на Твитер. .


Фото: Wikimedia

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во месецот посветен на јубилејни проекции на македонски филмови, вечерва во Кинотека ќе биде прикажан играниот филм „Големата Вода“

Вечерва, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во месецот на јубилејни проекции, …