48. годишната американска глумица Дениз Ричардс се прославила со улогата на Бонд девојка во филмот „The World is Not Enough“, а на јавноста и е попозната по својот турбулентен брак со „лошото момче“, Чарли Шин.
Парот бил во брак од 2002. до 2006. година и заедно имаат две ќерки – 14. годишната Сем и 13. годишната Лола. И’ двете девојчиња живеат со мајката поради скандалите на Шин во текот на годините.
Третата ќерка, седумгодишната Елоиз, убавата глумица ја усвоила после разводот од глумецот, а неодамна проговорила за нејзините тешкотии во развој.
„Пред две и пол години и беше дијагностицирано пореметување на хромозомот осум кој предизвикува тешкотии во развојот. Долго не можеше сама да седи, а прооде на две години, и тоа само со помош на физикални терапии. Сеуште има потешкотии во говорот и не знам дали било кога ќе може да зборува како секое типично дете“, рекла Дениз.
„Горда сум што одгледувам деца во време кое е поинакво од времето во кое јас растев. Исклучително е тешко да ги одржите приземјени бидејќи ова не се лесни времиња за растење. Секој ден научувам нешто ново бидејќи никој не ми дал упатства и ми рекол што е исправно“,порачала глумицата.