(ФОТО) Позната глумица на Менхетн удрена од автомобил – Се бори за живот!

Актерката Лиза Бејнс се бори за живот откако оваа недела ја удрил автомобил во Менхетен.
Бејнс (65), која живее во Лос Анџелес и има играно над дваесет улоги во ТВ-емисии и филмови, вклучувајќи ги и „A Cure for Wellness“ и „Gone girl“, била на пат да се сретне со својата сопруга на вечера. Сепак, доживеала сообраќајна несреќа, кога засега непознат возач ја удрил во пешачки премин.
Бејнс била на пешачки премин и имала предност да помине, соопштила полицијата.


Таа во моментов е во критична состојба на одделот за интензивна нега, со трауматска повреда на мозокот, соопштило нејзиното семејство.
„Лиза е во критична состојба и ќе знаеме повеќе во следните неколку дена“, рекла нејзината сопруга, Кетрин Кренхолд.
Страшната несреќа беше суров пресврт за Лиса, која беше воодушевена што конечно се вратила во Големото јаболко, желна конечно да ги види своите стари пријатели, кои многу им недостасувале.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …