(ФОТО) После разводот Ангелина Џоли љуби режисер од Камбоџа

Глумицата режисерот ПраЧај Луј го запознала преку познаници, а нему многу му се допаѓала страста на Ангелина за вистината за стравотиите во геноцидот во Камбоџа. Џоли рекла дека и било многу тешко после прекинувањето со Бред Пит…
Оскаровката Ангелина Џоли (42) во последно време многу присно се дружи со камбоџанскиот режисер и поет ПраЧај Луј (38). Двојката се запознала минатата година преку познаникот Лоунг Унг, активист за човекови права и автор на книгата според која глумицата го режирала филмот „Прво го убија татко ми“.
„На Енџи ќе и треба многу време да се опорави после распаѓањето на бракот со Бред Пит“ рекол извор близок до глумицата.
Џоли и ПраЧај Луј се сретнале неколку пати на дружење на филмаџии, а на режисерот многу му се допаѓала страста на Ангелина за вистината за стравотиите во геноцидот во Камбоџа од 1970.ттите. Нивните пријатели тврдат дека романсата трае некое време, додека други ја негираат.
„Ангелина ја почитува неговата работа и и’ е само пријател. Не е подготвена за врска и сака да се фокусира на своите деца и нивните потреби“ објасниле.
„Се надевам дека ова нема да доведе до омраза и ќе го запали ’стариот пламен’. Сакам жителите на ова земја да бидат горди кога ќе го видат филмот бидејќи преживеале незамисливи стравотии“, објаснила Џоли колку и значи драмата „Прво го убија татко ми“.
Глумицата ја изненадила јавноста кога на доделувањето на Златни глобуси дошла со синот Пакс (14). За време на доделувањето на наградите ја ингорнирала колешката Џенифер Анистон (48) со која ’ја поврзува’ бившиот сопруг Бред Пит (54).Џоли неодамна открила, во интервју за американски магазин, дека не и е лесно, но некако се справува со проблемите после разводот од Бред.
„Често имам ’падови и успони’. Но, мислам дека малку зајакнав“ раскажала глумицата и додала дека како мајка има бројни одговорности кон своите деца. Истакнала дека Мадокс (16), Пакс (14), Захара (13), Шилоу (11) и близнаците Кнокс и Вивиен (9) минуваат низ години во кои се обликува личноста и дека сеуште и се на прво место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …